Манчестер Јунајтед триумфираше над Нотингем Форест со 3-2, потешко од очекувањата, со пресврт откако губеше со 0-2 уште по само 4. минути игра.
Авонији во 2. минута донесе предност, за Боли во 4. минута да ја зголеми разликата.
Меѓутоа Ериксен во 17. минута намали на 1-2, а во 52. минута Каземиро израмни. Ворал доби црвен картон, а тоа му донесе предност на Јунајтед, кој преку Фернандеш од пенал во 72. минута донесе предност од 3-2.
Арсенал не успеа да го победи Фулам на домашен терен и покрај тоа што имаше играч повеќе на теренот. Арсенал имаше негатива од 1-0 со голот на Переира. Сака од пенал во 70. минута израмни, за три минути подоцна и Нкетиа во 73. минута донесе предност. Фулам остана без еден играч, но успеа да израмни преку Палиња во 87. минута.
Брентфорд и Кристал Палас одиграа без победник 1-1. Евертон и Вулверхемптон одиграа меч кој беше решен во 87. минута со голот на Калајџиќ, во кој гостите ги однесоа бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

