Татран го победи Охрид за трето место на турнирот „Крсте Андоновски“

Екипата на Охрид денеска загуби од Татран Прешов во битката за третото место на турнирот „Крсте Андоновски“. Дуелот беше решен преку пеналите, откако мечот заврши нерешено 30-30 во регуларниот дел.

Во пенал серијата Татран победи со конечни 33-32 и го освои бронзениот медал.

На полувремето Охрид имаше предност од 16-15, а на почетокот на вториот дел „избега“ на 18-15. Стигна Татран, и беше цело второ полувреме речиси израмнето, за на крај да заврши нерешено.

Во пенал рулетот, Татран дури во последната серија преку Митал дојде до триумф.

Во битката за петтото место, Металопластика го совлада составот на Бешикташ, додека во натпреварот за седмото место Голден Арт славеше против Бутел.

Се вчитува...