Алкалоид поразен на контролата со Загреб

Ракометарите на Алкалоид загубија со 31-25 на вториот меч од турнејата во Хрватска, во кој македонскиот вицепрвак за ривал го имаше шампионот на Хрватска, тимот на Загреб. Кире Лазаров повторно имаше можност против исклучително силен ривал да ги види на дело своите ракометари, како добра подготовка за предизвиците во сезоната што претстои и европското деби на Алкалоид во групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ.

Мечот беше израмнет во текот на целото прво полувреме со тоа што по водството на РК Алкалоид од 6:5, Загреб влезе во серија од 5:0 и поведе со 10:6. Македонскио тим на ова возврати со своја серија од 4:0 и израмни на 10:10 во 23 минута. Четири минути подоцна Алкалоид имаше и водство од 13-14, но последните два гола ги постигнаа домашните и на одмор се замина со резултат 15-14.

Во вториот дел, домашниот тим успеа да поведе со два гола (18-16), а потоа и ја удвои разлика на плус четири. Толкава беше дистанцата и во 59 минута, но во последната минута од мечот домашните постигнаа уште два погодока и средбата заврши со резултат 31-25.

Утре, недела, РК Алкалоид ќе го одигра и третиот контролен натпревар, а противник ќе биде екипата на РК Сесвете. Почетокот на мечот е закажан за 19:00 часот.

​РК ЗАГРЕБ – РК АЛКАЛОИД 31-25 (15-14)

РК ППД ЗАГРЕБ: Грбавац, Пантјар, Кос 6, Чавар 1, Валчак 3, Фаљиќ, Кларица 2, Гојун, Клис, Краљевиќ, Сиротиќ, Чупиќ 5, Дибиров 7, Моралес 2, Кавчич 5, Сухолежник 1
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.

РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Стојков 3, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Стојковиќ, Стојчевиќ, М. Митев 6, Омерагиќ, Ѓоргиев 4, Бинго 2, Кофилоски, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.

Се вчитува...