Е. Пелистер е победник на турнирот „Крсте Андоновски“

Еурофарм Пелистер го освои првото место на годинашното издание на меморијалниот туирнир „Крсте Андоновски“. Битолчани тримфираа во финалето против грчкиот Олимпијакос со 30-27 и покажаа добра форма пред стартот на шампионатот и Лигата на шампионите.

И покрај добриот влез на Олимпијакос во мечот, сепак, како одминуваше полувремето Еурофарм Пелистер ја стигнуваше предноста, па одеше и во водство, и на крајот замина 16-14 за Пелистер.

На стартот од вториот дел добриот старт на Еурофарм Пелистер и со два гола замина на предност од четири гола, а потоа стигна и до +5 со водство од 23-18.

Како одминуваше времето, Пелистер го задржуваше водството, и дозволи само на грчкиот тим да му се доближи на три разлика, за на крајот победа и освојување на турнирот.

Се вчитува...