Тренерот Робсон: Миовски не мрда од Абердин, убеден сум во тоа

Бојан Миовски повторно беше херој на Абердин, со гол од пенал во 100. минута спречувајќи пораз на својот тим на гостувањето против Сент Мирен.

Македонскиот ас извонредно ја стартуваше и оваа сезона што беше причина Саутемптон да покаже сериозен интерес за негов ангажман. Сепак, тренерот Бери Робсон по мечот со Сент Мирен јасно стави до знаење дека иднината на Миовски е во Абердин.

„Миовски не мрда од Абердин, убеден сум во тоа. Сите знаат колку е значаен тој за нашиот клуб и верувам дека ќе остане“, изјави Робсон.

Следен предизвик за Миовски и соиграчите е реваншот на домашен терен од баражот за Лигата на Европа против шведски Хакен, откако првиот меч заврши 2-2.

Се вчитува...