Стратегот на Барнли, Винсан Компани даде изјава поврзана со македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој ја продолжува битката за камбек на терените по болеста со која неочекувано се соочи пред крајот на ланската сезона.
Нашиот голгетре неколку дена дури се наоѓаше и во животна опасност, за среќа излезе како победник од тешката битка, по што сега тренира изолирано од првиот тим на Барнли. Сепак, Компани го следи неговиот развој во рехабилитацијата и не ја крие среќата што Чурлинов го остави најтешкиот период зад себе.
„Да бидам искрен, очекувавме најлошо сценарио во поглед на отсуството на Чурлинов од терените. Прогнозите велеа дека Дарко дека нема да биде достапен долго, дека многу долго ќе го нема на теренот, па вистинсско чудо е колку брзо се одвива неговата рехабилитација. Не можам точно да кажам кога ќе се врати на терените, но ако продолжи вака, нема да биде премногу долго. Искрено верувам дека следниот месец кога ќе добијам прашање за него, ќе бидам во можност да кажам точен термин на неговото враќање во тимот“, изјави Компани.
Претходно, англиските медиуми најавуваа дека Чурлинов во октомври ќе може да почне со тренинзи со остатокот од екипата, по што набрзо би можел и да го има своето премиерлигашко деби за Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

