Мулти Есенс загуби од Дубочица во финалето на турнирот „Миле Нешкоски“, третото место за домаќинот Прилеп

Ракометарите на српска Дубочица се победници на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп откако во финалето славеа против новиот македонски суперлигаш Мулти Есенс.

Дубочица во денешната финална пресметка славеше против Мулти Есенс со 30-21, во натпревар во кој победникот беше решен по првото полувреме кое Србите го добија со 18-10.

Третото место на турнирот го освои домаќинот Прилеп кој во битката за третата позиција го победи Еурофарм Пелистер 2 со 29-24.

Се вчитува...