ВИДЕО: Тричковски стрелец за АЕК во мечот со неверојатни 10 гола

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски е стрелец во неверојатниот натпревар со 10 гола во 2. коло од шампионатот на Кипар.

АЕК Ларнака ремизираше 5-5 со Етникос Ахна, а Тричковски беше стрелец на третиот гол за својот тим во 30. минута за израмнување на 3-3 во тие моменти.

Интересно, останатите четири погодоци за АЕК Ларнака ги постигна Сол. АЕК во 90. минута успеа да постигне гол и за победа но беше поништен по ВАР интервенција.

Од 51. минута во дресот на Етникос Ахна настапи и Стефан Спировски.

Се вчитува...