„Газета“: Фали Рамадани му се заканил на Де Лаурентис дека Елмас нема да го продолжи договорот!

Еден од најпознатите европски менаџери, Фали Рамадани, како што пренесува „Газета дело Спорт“, му се „заканил“ на првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да го продолжи договорот со клубот после 30. јуни 2025 година.

Како што пишува „Газета“, Рамадани револтирано се огласил веднаш откако Наполи без размислување ја одбил понудата на Лајпциг за Елмас од 30 милиони евра, плус пет милиони евра за трансфер ова лето.

„Лајпциг сакаше да плати 30 милиони евра, но беше одбиен веднаш од Наполи што предизвика револт кај македонскиот менаџер Рамадани. Дури тој и се заканил дека Елмас нема да остане во Неапол после 2025 година, кога му истекува актуелниот договор. Факт е дека Де Лаурентис е човек кој не се залетува лесно на пари, затоа што пред се секогаш сака да ја сочува конкурентноста на тимот“ – пишува „Газета дело спорт“.

Италијанските медиуми во меѓувреме пишуваат дека до Наполи е пристигната понуда од англиски премиерлигаш со слична сума од 30 милиони евра, но и таа исто така била одбиена од Де Лаурентис.

Се вчитува...