Од утре, 30. август, започнува продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Италија кој на 9. септември се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2024, информира Фудбалската федерација на Македонија.
ФФМ, излегувајќи во пресрет на сите љубители на фудбалот, се одлучи на максимално прифатливи цени, кои ќе изнесуваат од 300 и 500 денари.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 09. септември, 20:45 часот)
Северна трибина
Блок 13 и 19 300 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 500 денари
Јужна трибина
Блок 1 и 6 300 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 500 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 300 денари
Продажба преку билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7., 8. и 9. септември од 10 до 18 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА