Официјално: Несторовски е нов фудбалер на Асколи

И официјално, Асколи соопшти дека Илија Несторовски е нов фудбалер на тој тим. Потпиша две годишен договор со овој тим, и останува во Италија, иако се шпекулираше дека може да замине дури и во Бразил.

Тој беше поврзуван со многу клубови, меѓу кои и Тернана, Палермо, Сампдорија, но на крајот се одлучи за Асколи.

Доаѓа во овој тим откако му истече договорот со Удинезе. Тој е во Италија веќе шест години и добро му е познат италијанскиот фудбал.

Се вчитува...