Ракометарите на Алкалоид триуфмално ја завршија мини турнејата низ Хрватска и низ Словенија откако вечерва триумфираа над РК Добова од Словенија со 33-24.
Алкалоид го доби овој меч благодарение на добрата игра во вториот дел, откако првиот дел мина израмнето.
Мартин Серафимов со девет голови беше најефикасен на крајот од средбата. Арно Бинго и Марко Стојковиќ постигнаа пет, односно четири голови за тимот предводен од Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

