Дефинитивна разделба: Фановите на Ал-Ахли се збогуваа од Алиоски (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Ездјан Алиоски и дефинитивно го одигра своето во дресот на Ал-Ахли. Левокрилниот играч дефинитивно заминува од тимот, и ќе има нова средина.

За него има интерес од турски клубови, меѓу кои и Трабзонспор, како и од клубови од Саудиска Арабија. Еден од нив е Ал-Етифак, предводен од Стивен Џерард. Дарко Велковски е пред заминување од тој клуб.

Алиоски заминува од клубот поради големиот број на странци. Ал-Ахли ги има девет, а можно е бидат регистрирани само осум. Токму од тука клубот се реши да го „жртвува“ токму Алиоски, кој лани сезоната ја мина како позајмен во Фенербахче.

Се вчитува...