Дарко Велковски официјално без клуб: Раскинат договорот со Ал-Етифак

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и официјално е без клуб откако го раскина договорот со Ал-Етифак. Клубот од Саудиска Арабија потврди дека Македонецот не е повеќе дел од клубот.

Ова беше очекувано сценарио, со оглед дека Велковски веќе неколку недели не е со тимот, а во моментов тренира со Работнички, за да се одржи во форма за репрезентативните натпревари со Италија и Малта.

Се вчитува...