Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно е стрелец за Абердин во плејофот од квалификациите за Лигата на Европа.
На реванш дуелот во Шкотска, по 60 минути игра Абердин има негатива од 1-2 против шведски Хакен.
Швеѓаните имаа и 0-2, но Миовски го остава својот тим во живот, по оние 2-2 од Шведска, со гол од пенал во 55. минута за 1-2.
Goal! | Bojan Miovski | Aberdeen 1-2 BK Häckenpic.twitter.com/jTK1TgDYMz
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 31, 2023
Во 63. минута македонскиот напаѓач имаше 100% шанса и за 2-2 на натпреварот, но иако осамен „очи во очи“ со гостинскиот голман не успеа да погоди од 15 метри.
Миовски беше и најзаслужениот што Абердин не загуби на првиот меч во Шведска. Со гол и асистенција допринесе за реми (2-2) на шкотскиот тим на првиот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА