Исчезнатите ракометари од Хрватска пронајдени на друга страна од Европа

Полицијата во Хрватска известила дека во петок меѓу десетте малолетници од Бурунди кои биле пронајдени во Белгија, азил барале двајца ракометари на кадетската репрезентација кои исчезнале во Ријека, а се сомнева дека останатите осум се исто така репрезентативци.

Десетмина млади ракометари родени 2006 година стигнаа во Ријека на ракометното светско кадетско првенство. Пред натпреварот со Бахраин, на 9 август десетмина исчезнале од Универзитетскиот камп каде биле сместени. Не одговарале на телефонските повици.

Со полициска акција, истите биле пронајдени во Белгија. Практично, едниот од нив побарал азил, и од тука бил идентификуван и вториот, а веројатно и останатите осум се исчезнатите од Ријека.

Се вчитува...