Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, загуби од Веспрем во полуфиналето на турнирот „Куп на пријателство“ кој се одржува во турскиот град Сакарија. И покрај тоа што битолчани беа рамноправен противник, сепак, на крајот Веспрем победи 35-28.
Пелистерци добро парираа, особено во првите 20 минути, во кои имаa и предност. Меѓутоа до крајот на полвуремето Веспрем се одлепи и имаше три предност на полувреме.
Во вториот дел подобар влез за Унгарците, кои направија разлика, па брзо дојдоа и до шест, па потоа и до седум разлика, кои беа недостижни за битолчани.
Најфеикасен кај Еурофарм Пелистер беше Нејц Цехте со осум гола. Со овој пораз пелистерци ќе разигруваат за третото место на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

