Бобан Николов кариерата ќе ја продолжи во Кишварда

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Бобан Николов кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот шампионат во екипата на Кишварда.

Николов минатата сезона беше дел од Стеауа Букурешт, но не добиваше шанса и имаше мала минутажа, а по завршувањето на сезоната беше без клуб поради што не доби повик во репрезентацијата на Македонија како во јунскиот циклус и мечевите против Украина и Англија, така и за претстојниот септемвриски во кој ќе играме против Италија и Малта.

Николов своите најдобри партии во кариерата ги пружаше токму во шампионатот на Унгарија, каде беше дел од МОЛ Фехервар.

Се вчитува...