Официјално, Давид Тошевски повеќе не е играч на рускиот тим Ростов. Клубот и играчот се договриле да го раскинат договорот, кој беше со важност до 2025 година.
Тошевски замина во Ростов во 2020 година од Работнички во еден од највредните трансфери во мак фудбалот, меѓутоа никогаш не го покажа својот потенцијал во руската екипа.
Македонскиот фудбалер и малку играше за Ростов, со оглед дека голем дел мина на позајмици, најпрво во Тамбов, па во полскиот тим Горник Забрже, па потоа во Михаловце од Словачка.
Тошевски е поранешен младински репрезентативец, а за селекцијата под 21 година има одиграно шест натпревари.
Турските медиуми пишуваат дека за Тошевски е заинтересиран тимот на Сиваспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

