Проблемите надминати, Адеми се врати во Динамо

Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб, пишува „Индекс“ по информации добиени од клубот. Доскорашниот капитен на „модрите“ како слободен играч се враќа на „Максимир“, откако го раскина договорот со Пекинг Гуонам. Сега македонскиот репрезентативец треба да им се приклучи на соиграчите од националниот тим и да биде во комбинација за утрешниот натпревар со Италија.

Адеми сакаше да се врати во Динамо. Среде подготовките за репрезентацијата замина во Загреб на комплетирање на „кам-бекот“. На почетокот имаше проблеми поради тоа што Пекинг не сакаше да го пушти. Меѓутоа и Динамо и Адеми се согласија на сите услови од кинескиот тим.

Првата варијанта беше Адеми да дојде како позајмен играч, но потоа Кинезите ги сменија условите. Потоа позајмица со право на откуп, и повторно Кинезите правеа проблем. Меѓутоа двете страни се договорија, и Пекинг се реши да го пушти фудбалерот.

Проблематично е тоа што Адеми нема да игра во Европа за Динамо, но ќе биде во конкуренција веќе на следниот меч со Славен Белупо во хрватскиот шампионат. Ќе го носи бројот 5, кој го носеше и досега.

 

Се вчитува...