Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, нема да може да смета на двајца играчи за вечерашната пресметка со Италија. И дефинитивно, се чини, Дарко Велковски и Аријан Адеми отпаѓаат од комбинација.
Велковски го немаше на последните два тренинга поради повреда за време на подготовките за мечот со Италија, и тој нема да биде во составот, а се прават напори да биде оспособен за дуелот со Малта на гости, но и за таму е крајно неизвесен.
Адеми, пак, вчера го комплетираше трансферот во Динамо Загреб, ама и покрај тоа се жали на ситна повреда поради кои ги пропушти и последните два свои меча во Кина, така што може да добие поштеда вечерва, но и тој е крајно неизвесен за гостувањето во Малта во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

