ИН МЕМОРИАМ: Почина поранешниот ракометен судија и делегат Стојан Николов

Македонија загуби уште еден познат ракометен работник. На 73-годишна возраст почина Стојан Николов, поранешен судија и делегат.

Стојан Николов беше дел од судиската генерација која делеше правда и на ракометните натпревари во СФРЈ. По осамостојувањето заедно со целата судиска организација беше важна алка кога се етаблираше македонскиот ракомет во формата која сега е препознатлива.

После крајот на кариерата како судија, стана делегат, и во таа улога беше се до 2018 година кога замина во пензија, но и во пензионерските денови остана активен во следењето на ракомет.

Николов беше добитник на неколку награди од РФМ и Сојузот на спортови.

Се вчитува...