Поранешниот хрватски репрезентативец Денис Бунтиќ е уапсен во БИХ под сомневање за семејно насилство, а во неговата куќа е пронајдена и голема количина на оружје.
Поранешниот ракометар во петокот беше уапсен под сомневање за напад на сопругата, а тамошните медиуми пишуваат дека во саботата е пуштен на слобода. Неговата сопруга Клара имаше што да каже за овој случај.
„Сите сме во шок. Некој друг да беше на негово место, ќе останеше во притвор. Тука е оружјето, насилство пред малолетно дете под дејство на дрога и алкохол. Четири золји, автомати, калашникови. Да имаше време да дојдеше до нив, ќе ме убиеше. Тој одлучи да ме убие. Се сврте само секунда и јас искористив прилика да избегам од балконот. Да не избегав, ќе ме убиеше, сега ќе бев мртва“, рече Клара, пренесува „Блјесак“.
Таа кажа дека трпела насилство веќе пет години.
„Тој има 160 килограми, а јас 50. Невозможно е човек да се одбрани. Кога во него ќе проработи злото после алкохол и дрога, тоа човек кој не може да се претпознае“, рече Клара Бунтиќ.
За Бунтиќ има предлог за одредување на мерка притвор, но додека судот не ја прифати, тој е на слобода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА