Никола Јокиќ ужива во моментите на слава, а српскиот центар не жали пари за да си ги исполни желбите кога станува збор за ексклузивни автомобили.
Тој веднаш по освоената титула се пофали со „Брабус“ направен по мерка, но овој автомобил не е врвот на богатата колекција на асот на Денвер нагетс.
Најголемата гордост на Јокиќ е „Ролс Ројс Фантон II”, автомобилот кој е направен по негова мерка и за чие производство српскиот кошаркар плати дури 800.000 долари.
Овој луксузен автомобил има 563 коњски и речиси нечуен V-12 мотор, а брзина од 100 километри развива за 5,1 секунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА