Поранешниот хрватски ракометар, Денис Бунтиќ ќе остане на слобода откако ја претепа сопругата Клара. Таа на 22. септември пријавила дека Денис ја претепал во Љубушки (Босна и Херцеговина), во семејната куќа каде што живееле со нивниот деветмесечен син.
Како што пренесува „Аваз“, општинскиот суд во Љубушки по втор пат ја одбил жалбата на обвинителството на Кантонот Западна Херцеговина против поранешниот ракометар.
„Вонсудскиот совет на Општинскиот суд во Љубушки на 03.10.2023 година донесе решение со кое ја отфрли жалбата на Кантоналното обвинителство на ЖК Широки Бријег“, соопшти судот.
Се наведува и дека мајката на Денис Бунтиќ долги години била вработена во Општинскиот суд во Љубушки и затоа тој суд неуспешно се обидел да добие изземање од овој предмет. По првата жалба со која Бунтиќ беше ослободен, му беа изречени мерки за забрана.
Откако Клара го пријавила поранешниот ракометар во полиција, при претресот на куќата бил пронајден арсенал оружје, а вознемирувачките детали од овој случај ја шокираа јавноста. Обвинителството потврди дека е поднесена нова пријава со која се бара затворска казна за Бунтиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

