Дориев: Жалам што нема да бидам дел од репрезентацијата на Македонија… Во добра форма сум, но го почитувам селекторот

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два натпревари во квалификациите за ЕП 2024 против Италија (17. ноември) во Рим и против Англија во Скопје (20. ноември).

Повик од селекторот на овој собир не доби Љупче Дориев, кој иако минатите неколку циклуси беше дел од репрезентацијата, сепак не покажа доволно квалитет да се најде меѓу играчите кои ќе го облечат „црвено-жолтиот“ дрес.

Тој на социјалните мрежи објави дека жали поради тоа што нема да е дел од тимот, бидејќи како што вели бил у добра форма.

Се вчитува...