Барселона ја освои бронзата на Супеглоуб

Ракометарите  на Барселона се освојувачи на третото место на Суперглоуб откако вечерва во малото финале славеа против полски Кјелце со 33-30.

Полјаците одиграа подобро прво полувреме по кое имаа предност од два гола 14-16. Сепак, најтрофејниот европски клуб заигра на високо ниво во вториот дел и на крајот без поголеми проблеми стигна до конечен триумф од 33-30.

Дика Мем со осум погодоци беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Симон Сичко постигна пет погодоци.

 

Се вчитува...