Актуелниот европски шампион Магдебург ја одбрани титулата на Суперглоуб откако во финалниот меч во германското дерби по продолженија славеше над Фуксе Берлин со …
Тимот од главниот град на Германија одигра многу подобро во првиот дел, а одличната игра ја материјализираше со позитива од три гола на пауза 16-13. Буквално со истиот резултат Магдебург возврати во вториот дел, па по шеесет минути игра резултатот беше 29-29, а мечот замина во продолженија.
Таму ракометарите на Магдебург беа посконцентрирани и на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 32-34. Албин Лагерген со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа деветте погодоци на Матијас Гидсел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА