Столе Димитриевски во моментов веројатно е најдобриот македонски фудбалер. Одличните партии во Рајо Валјекано сезонава го вивнаа во елитата на голмани не само во Шпанија, туку и во Европа.
Во интервју за шпанските медиуми Димитриевски говореше за својата иднина, но и за ситуацијата со Винициус во мечот против Реал Мадрид во кој нашиот голман беше најголем виновник за ремито без голови на неговиот Рајо.
„И минатата година имаше многу написи за трансфери, но уште сум тука во Рајо. Јас сум овде и сум навистина среќен. Во фудбалот се може да се случи, како на пример кога Лестер ја освои Премиерлигата, или Порто што направи во Лигата на шампионите. Би бил среќен ако тим како Џирона стане првак на Шпанија. Има вакви ситуации во фудбалот со доста тензија, кога двата тима се под притисок. И во ред е, јас го разбирам тоа и секогаш ќе го паметам и ќе го раскажувам како анегдота. Не го видов по натпреварот, а ако дојдеше како што кажа, ќе го прегрнев“, изјави Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

