Атанасов со асистенција донесе бод за Краковија кај шампионот

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, учествуваше во бодот на својот тим на гостувањето кај шампионот Раков. Атанасов беше асистент на единствениот гол за својот тим кој дојде до „реми“ од 1-1 на теренот на противникот.

Атанасов асистираше до Гита во 25. минута од средбата за предност на Краковија.

Во финишот од средбата, поточно во 88. минута Новак од пенал донесе бод за шампионот. Јани Атанасов играше до 83. минута кога го напушти теренот.

Се вчитува...