Одложени два натпревари од денешната програма во ПМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија се одлучи натпреварите од 15.коло во ПМФЛ меѓу Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар да бидат одложени. Причината за оваа одлука е лошата состојба на терените во Струга и Кратово.

Проблем на прволигашите и второлигашите им направи лошото време, поради кое на дел од стадионите нема услови за игра. Вчера веќе беа одложени неколку меча во ВМФЛ, а денеска тоа се случи и на овие два дуела од ПМФЛ.

Натпреварите меѓу Работнички – Гостивар, Шкупи – Македонија ЃП и Тиквеш – Брера се со почеток во 13 часот.

 

Се вчитува...