Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски игра сезона од соништата во шкотскиот шампионат во дресот на Абердин. Нашиот напаѓач е еден од најдобрите голгетери во шампионатот на Шкотска, а по неговите одлични партии тој веќе е на радарот на големите клубови во Европа.
Менаџерот на Абердин, Бери Робсон се надева дека управата на клубот нема да го продаде неговиот најдобар фудбалер во јануарскиот трансфер период.
„Секако дека би сакале да го задржиме Миовски. Тој сè уште има долг договор со нас. Тој е брилијантно момче, работевме напорно да напредува како играч и мислам дека сите можеме да го видиме тоа. Работевме напорно на обидот да му ја дадеме таа дополнителна брзина, да го натераме повеќе да трча напред, а најтешката работа е да се учи некој како него да дава голови, тоа веќе е неговиот природен талент. Не сум сигурен дали би го пуштиле Бојан дури и за некоја богата понуда. Има договор и веруваме дека уште многу ќе напредува, а со тоа ќе си ја зголемува цената. Веруваме во него и не сум сигурен дека ќе може да си замине веќе следниот месец“, изјави Робсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

