Бојан Миовски ја продолжи серијата фантастични игри за Абердин откако македонскиот голгетер го постигна својот 11. погодок сезонава, и тоа на дуелот со гигантот Глазгов Ренџерс.
Нашиот репрезентативец покажа исклучителни квалитети откако маестрално со шут од работ на шеснаесетникот го совлада гостинскиот голман за водство на Абердин од 1-0. Тимот на Миовски на крајот освои само еден бод откако Глазгов Ренџерс израмни со гол од ВАР-пенал во судиското продолжение, но Македонецот сосема заслужено се најде во идеалниот тим на колото во шкотската Премиер-лига.
Со вакви игри и погодоци, амо прашање на време е кога Бојан Миовски ќе го напушти Абердин и ќе се пресели во некој поголем клуб…
Goal no.11 of the season for BM 9⃣ 🇲🇰#StandFree | @bojanmiovskii pic.twitter.com/tfM5nkREov
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) November 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

