Теренот во Гостивар невозможен за игра, избран нов град-домаќин за дуелот со Шкупи

Возбудувањата во Првата лига продолжуваат со новото коло што на програмата е веќе в среда, но обилните дождови создадоа огромни проблеми околу условите за игра на стадионите ширум Македонија.

Откако беа одложени две средби од минатото коло, денеска раководството на ФК Гостивар објави дека мечот со Шкупи нема да може да се одигра на теренот во Гостивар, кој е невозможен за игра. Дуелот нема да биде одложен, откако гостиварци за ново место за одигрување го избрале стадионот „Младост“ во Струмица“.

Во останатите натпревари од ова „вонредно коло“ од Првата лига ќе се сретнат: АП Брера – Брегалница, Македонија ЃП – Силекс, Шкендија – Работнички, Вардар – Струга ТЛ и Воска – Тиквеш.

Се вчитува...