Величковски: Да му се реваншираме на Вардар за првиот пораз сезонава

Македонија ЃП и Вардар денеска од 13 часот во Ѓорче Петров го отвораат 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ посакуваат реванш за Вардар за поразот на првот меѓусебен натпревар сезонава кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

„Ние како тим имаме почит за најтрофејниот македонски клуб, но утре одиме на 3 бода пред домашната публика со борба и мотивација за нова победа. На првиот натпревар дадов гол, се надевам и верувам дека и утре ќе постигнам гол и ќе победиме“ – вели Никола Величковски пред денешната пресметка со Вардар.

Но, и во таборот на Вардар бодовите и тоа како се неопходни во битката за опстанок, посебно по врзаната серија од четири едноподруго натпревари без триумф.

ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
УТРЕ (13 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...