ВИДЕО: Супер-ефектен гол на Милосавиќ, Вардар води на полувремето во Ѓорче Петров!

Вардар има предност од 0-1 на полувремето против Македонија ЃП во првиот натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На гостувањето во Ѓорче Петров, „вардарци“ бркаат и тоа како неопходни бодови во битката за опстанок. Им успеа да дојдат до посакуваната предност благодарение на ефектниот гол на Милосавиќ во 35. минута.

Младиот офанзивец на Вардар, по убавата акција по десната страна и нафрлањето на Здравковски, одлично се снајде во шеснаесетникот на домашните и супер-ефектно со волеј-удар донесе предност за својот тим…

ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
Милосавиќ 35′
УТРЕ (13 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...