Германија, противникот на Македонија на ЕВРО 2024, го објави конечниот список на ракометари со кои ќе настапи на престојниот шампион, на кој тие се домаќини.
Селекторот Алфред Гисласон одлучи со 19 ракометари да ги започне подготовките, а од нив тројца ќе отпаднат за првиот натпревар против Швајцарија.
„Имаме силен тим со многу квалитет и доверба и знам дека ќе имаме поддршка од одличната германска публика“, рече Аксел Кромер, директорот на репрезентцијата.
Гисласон пред неколку дена објави список од 35 ракометари за Европското првенство, и потоа да има кратење на списокот на 20. Гисласон се одлучи за само двајца голмани, и ќе го чува едното место при евентуална повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

