Крај на една ера: Столе Стоилов ја заврши кариерата, па веднаш заплови во тренерски води

Оваа 2023 година ќе ја паметиме и по завршената кариера на уште една ракометна легенда, Стојанче Стоилов реши дека е време да се каже збогум на играњето ракомет откако извонредниот пикер освои се што можеше да се освои во дресот на Вардар.

Стоилов како капитен стигна до две европски круни, надополнети со бројни трофеи на домашната сцена, но својата големина ја покажа кога беше најтешко на Вардар, одбивајќи неколку понуди за ангажман во странство за до самиот крај да ја демонстрира својата лојалност на клубот, останувајќи во него и во најтешките моменти.

Јасно е, Стоилов не може без ракомет, исто како што не може без својот Вардар, па долгогодишниот репрезентативец реши да заплови во тренерски води, и тоа токму во стручниот штаб на „црвено-црните“.

Тој дури и доби шанса како прв тренер додека Недановски беше суспендиран на стартот од сезоната и се покажа како вистински погодок, Стоилов го предводеше Вардар до трофеј во Супер-купот и најави дека е способен успешната играчка кариера да ја продолжи и како тренер.

Се вчитува...