Македонскиот стратег Данило Брестовац од мај оваа година ја извршува функцијата селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, а следен предизвик е пласман на СП 2025 што ќе се одржи во Хрватска, Данска и во Норвешка. За тоа да се случи неопходен ќе биде добар пласман на претстојниот ШАмпионт на Азија, каде ривали во првата групна фаза на ОАЕ ќе бидат Хонг Конг, Казахстан и Бахреин.
Брестовац во наредниот период ќе има мини-подготовки со националниот тим, а поранешниот македонски селектор реши целата национална селекција на ОАЕ да ја доведе на тренинг-камп токму во Македонија.
„Сметам дека е подобро да се изолираме и да тренираме напорно, отколку да играме натпревари против селекции со кои би можеле да се сретнеме во наредните квалификации. Ги увидовме грешките од последните олимписки квалификации, ќе ги отстраниме истите, добро е што од натпревар во натпревар игравме се подобро, што дава простор за оптимизам за наредниот период. Следниот петок патуваме за Македонија, ќе играме неколку натпревари против екипи од Косово, Грција и од Македонија, важно ни е да влеземе во натпреварувачки ритам пред да се натпреваруваме на Шампионатот на Азија“, изјави Брестовац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

