ВИДЕО ОД 15 СЕКУНДИ: Како стадионот во Дизелдорф беше претворен во сала за ракомет?

Македонија утре против Франција ќе одигра историски натпревар во ракомет на фудбалски стадион во Дизелдорф. „Меркур Шпиле Арената“ беше претворена во ракометна сала во која ќе се играат натпревари на Европското првенство во ракомет, а утре на отворањето на дуелот меѓу Франција и Македонија од 18 часот се очекуваат 50.000 гледачи. Голем дел од навивачите ќе дојдат поради репрезентацијата на Германија, која во 20:45 часот го игра натпреварот со Швајцарија.

Организаторите се погрижија да има нов рекорд на посетеност кога се европските првенства во прашање, а објавија видео од 15 секунди за тоа како фудбалската арена во Дизелдорф беше претворена во ракометна сала.

Се вчитува...