Репрезентацијата на Словенија потешко од очекувањата славеше против Фарските Острови во Групата Д на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германците.
Словенците се мачеа 45 минути од мечот, а потоа во последниот период од играта целосно го скршија противникот за победа од 32-29 (13-13).
Влах беше најдобар кај Словенија со 8 гола, а кај дебитантот на европските првенства, Фарските острови кој се покажа како одличен состав се издвои Елефсен со 9 гола.
Холандија, во Групата Е, оправдувајќи ја фаворитската улога славеше со Грузија со 34-29 (19-12). Баијенс со седум погодоци беше најдобриот во редовите на Холанѓаните.
А, во Групата Ф, Португалија ја победи Грција без посериозни напори со 31-24 (18-14). Коста беше најдобар кај Португалците со шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

