Со еден вид изненадување почна вториот круг на Европското првенство 2024 во Германија и битката за полуфинале. Еден од фаворитите за највисок пласман, Норвешка убедливо загуби со 32-37 од Португалија со што веќе има само теоретски шанси за едно од првите две места во Групата 2 кои водат во полуфинале.
Португалците сосема заслужено дојдоа до победата која ја најавија уште со одлично одиграното прво полувреме кое го добија со 15-18.
Во второто полувреме Норвешка се обиде да се врати во игра, но не успеа да ја загрози предност на противникот кој на крајот заврши со триумф од пет гола разлика (32-37).
Портела со осум постигнати гола беше најефикасниот во редовите на Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

