Вујо за фијаското: Српскиот ракомет го допре дното

Поранешниот тренер на Вардар и екс-селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, повторно е во центарот на вниманието на ракометната јавност во регионот по жестоките критики што ги упати на адреса на ракометната репрезентација на Србија и федерацијата на нашиот северен сосед.

Србите со големи амбиции отпатуваа на ЕП 2024 во Германија, но доживеаја фијаско, по почетното реми со Исланд следеа порази од Унгарија и од Црна Гора и елиминација со последно место во групата.

„Кога говорев во последните денови и најавував дека ова што го гледаме не ја води Србија кон добар ракомет, душманите велеа дека сум имал личен интерес за да зборувам против селекторот и федерацијата. А јас не исмислив ништо, го зборував она што сите го гледаат, а никој не смееше да го каже. Се надевам дека ова ќе биде сериозна опомена за луѓето во федерацијата, да направат промена во правецот, некаков пресврт, бидејќи српскиот ракомет не може да падне подоле од ова. Ова е дно. Видовме што значи тој шпански систем. А од системот што ние го имавме и го создававме, од системот со кој ја учевме цела Европа веќе нема ништо“, изјави Вујовиќ за „Спортски Журнал“.

Се вчитува...