Данска го задржа стопроцентниот ефект на ЕП 2024 откако скандинавската селекција убедливо ја совлада Холандија со 39-27, на стартот од главната фаза што се игра во Хамбург. Холанѓаните успеваа да парираат само четириесетина минути, а веднаш штом загубија здив следеше фуриозна серија на данскиот состав кој за осум минути успеа да стигне од „плус еден“ до „плус осум“ и да покаже уште еднаш зошто е еден од главните кандидати за златото на овој шампионат.
Првото полувреме мина во израмнет меч, Данска подобро почна отворајќи го мечот со 4-1, но Холанѓаните пред се благодарение на ефикасниот успеаја да парираат, а подоцна и да се вратат целосно и да израмнат на 9-9. Данска замина на одмор со минимални 18-17 по одбранетиот пенал на Ландин во последната секунда од првото полувреме, а „лалињата“ умешно парираа се до 39. минута кога резултатот на семафорот гласеше 23-22. Тогаш исклучување доби Коиј, а Данска маестрално го искористи периодот со играч повеќе, правејќи серија од 3-0. Холандија и по комплетирањето делуваше загубено, а данската машинерија знаеше како да го искористи тоа, продолжи да ја полни мрежата на противникот и веќе во 50. минута водството на скандинавците веќе беше двоцифрено (33-23). Двоцифрената позитива беше задржана се до самиот крај, за Данска на крајот да триумфира со убедливи „плус дванаесет“, за рекордни 39 постигнати гола на еден меч на европските ракометни шампионати.
Ландин, кој бранеше нешто повеќе од 30 минути собра осум одбрани за Данска, а најефикасни во победничкиот табор беа Гидсел со девет и Хансен, Лауге и Гидсел со по пет погодоци. Во таборот на Холандија прв стрелец во денешниот пораз беше Тен Фелде со осум постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

