Норвешка одигра уште еден разочарувачки натпревар на ЕП 2024 откако оваа скандинавска селекција загуби со 32-37 од Португалија, сведувајќи ги само на теорија своите шанси за пласман во полуфиналето од европскиот шампионат.
Јавноста го критикува селекторот Јонас Виле посочувајќи го како главен виновник што оваа репрезентација не го користи потенцијалот што го поседува, но овој стратег јасно стави до знаење дека нема намера да се повлече од функцијата.
„Нема да ја напуштам селекторската клупа. Сакам да се одмаздам, сакам да им покажеме ан сите дека се уште имаме одлична селекција. Сите очи се вперени кон мене, стигнуваат огромни критики, па добивам чувство дека цела нација мисли дека сум неспособен. Немам доживеано ништо плошо во животот, но нема да дозволам тоа да ме скрши“, изјави Виле по поразот од Португалците.
Селекцијата на Норвешка во следното коло од Главната рунда ќе се сретне со Холандија, меч закажан за 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

