Џерона: Јасно ми е, Србија сака домашен селектор

И покрај големите очекувања на ЕВРО во Германија, Србија испадна уште во групната фаза од натпреварувањето. Како резултат на тоа дојде и смената на селекторот Тони Џерона.

И покрај тоа што еуфорично го почна мандатот на клупата на Србија, Шпанецот смета дека тешко би останал на клупата и да направел успех на актуелниот Европски шампионат.

„Можеби поради некои наши резултати во блиското минато, очекувањата беа големи. На крајот не го пружиме она што се очекуваше. Не зборувам за медали, туку за можноста да се најдеме во квалификациите за Олимписките игри. Сега треба да се запрашаме зошто не успеавме. Станав првиот странски тренер во Србија, и нормално е дека сакаат некој Србија. Има тука некои имиња како Илиќ или Анѓелковиќ. Не сум глупв, знам како тоа функционира, и можам да разберам дека мислењето дека српски тренер ќе биде подобар се оправдани. Јас секогаш давав се од себе. За мојата иднина треба да ги прашате оние кои одлучваат, јас тука не можам ништо.“, рече Џерона.

Се вчитува...