Антонио Тони Херона повеќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Србија и со тоа е првата селекторска жртва на Европското првенство кое се уште се игра во Германија.
Иако Србија имаше големи амбиции на овој шампионат, а во некои изјави тие посакуваа и полуфинале, на крајот првенството го завршија послабо рангирани и од репрезентацијата на Македонија. Ракометниот сојуз на Србија соопшти дека дошло до меѓусебен прекин на соработката.
„По првата анализа на раководството на Ракометната федерација на Србија и пријателската средба со шпанскиот стручњак, беше донесена едногласна одлука за раскинување на Договорот со взаемна согласност“, стои во соопштението на РФС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА