Хрватскиот селектор удри по своите играчи: Скандинавците возат велосипед во слободно време, нашите не прават ништо…

Типично балкански – Горан Перковац на претходните големи ракометни натпреварувања како коментатор и аналитичар фрлаше со дрва и камења по селекторите потенцирајќи ги како главни виновници за неуспесите на хрватската репрезентација.

Токму „тврдокорните“ ставови беа една од причините поради кои Перковац доби шанса и тој да седне на жешкото столче, на кое на ова ЕП почна сензационално со победата над Шпанија, но по серијата слаби игри и порази сега тој е оној кој е жестоко критикуван. Само што, селекторот реши вината за катастрофалната главна фаза на „коцкестите“ да ја префрли врз играчите.

„Најголем проблем ни е што ни недостигаше желба Не разбирам еден Исланд да има поголема желба од нас, а тој меч немаше никакво значење за нив. Енергијата ни е сериозен проблем, квалитет поседуваме, но мораме да се вратиме енергетски и да играме на висок ритам. Генерално гледано, ни недостига физичка подготвеност, но тоа мора да доаѓа од самите играчи, кои треба да вложуваат повеќе во себе. Скандинавците, па и Австијците и Швајцарците во слободно време земаат велосипед, или трчаат или планираат.  Нашите не прават буквално ништо, тоа е проблем не само на ракометната туку и на целокупната спортска фела“, истакна Перковац.

Тој е убеден дека се уште ја има довербата на федерацијата и дека ќе продолжи да ја води Хрватска и во предолимписките квалификации.

„Јас ќе останам селектор, убеден сум во тоа. Имаме млада перспективна екипа чиј процес на созревање мора да мине, тоа е неминовност. Исканд има 18 врвни играчи кои се носители на играта во врвни клубови, нашите момци не се тоа. На Швеѓаните им требаа осум години за да се вратат на врвот, слично се случуваше и со Германците, така што за мене ова е нормален процес на созревање на репрезентацијата“, вели кормиларот на хрватската репрезентација.

Се вчитува...