Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац е официјално претставен за нов тренер на ракометниот тим од Саудиска Арабија Ал Сафа. Ал Сафа е еден од најсериозните проекти на Блискиот исток во моментов. До неодамна нивни ракометар беше португалската ѕвезда Андре Гомеш, но откако го испратија него во екипата пристигна Иман Џамали, поранешниот ракометар на Веспрем.
Брестовац кој последниот ангажман во Македонија го имаше во ГФК Тиквеш, а зимава ја водеше и репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати на Азискиот куп.
Брестовац на чело на репрезентацијата на Македонија беше во периодот од 2019 до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА