Вардар закажа пет контроли во Анталија

Екипата на Вардар утре заминува на подготовки во Анталија, каде што ќе ја одработи главната фаза од зимскиот подготвителен период, за успешен настап низ пролетниот дел и опстанок во ПМФЛ.

Вардарци работеа најпрво на тренинг центарот во Хиподром, од каде потоа неколку дена тренираше во Гевгелија, а од утре се сели во Турција.

Во Анталија, Вардарци ќе бидат до 7. февруари, а таму ќе одиграат пет пријателски натпревари. Серијата на контроли почнува со полски Заглебје Лубин, а завршува со Колос од  Украина.

РАСПОРЕД НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР ВО АНТАЛИЈА

ФК Вардар – ФК Заглебие Лубин (Полска) 29.01.2024
ФК Вардар – ФК Аркадак (Туркменистан) 31.01.2024
ФК Вардар – ФК Металург Бекабег (Узбекистан) 03.02.2024
ФК Вардар – ФК Креузлингер (Швајцарија) 05.02.2024
ФК Вардар – ФК Колос (Украина) 06.02.2024

Се вчитува...